• вторник, 24 декември 2024

Адеми: Албанската опозиција да биде конструктивна за да се изнајде решение за законот за државјанство

Адеми: Албанската опозиција да биде конструктивна за да се изнајде решение за законот за државјанство
Скопје, 12 април 2021 (МИА) - Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми, ја повика денеска албанската опозиција да биде конструктивна за да се изнајде заедничко решение во однос на законот за државјанство, со цел да се одблокира работата на Собранието и да се донесат законите за петтиот економски пакет финансиска помош. -Сите сме оптимисти дека набргу ќе изнајдеме заеднички јазик со опозицијата со цел да ја деблокираме работата на Собранието и со тоа да им помогнеме на граѓаните бидејќи во собраниската процедура се токму законите што се однесуваат на економските пакети, финансиската поддршка за граѓаните и бизнисите за земјата. Дури над 16000 работници останаа без плата поради оваа неразумна блокада на опозицијата, рече Адеми, потсетувајќи ја опозицијата дека нема план Б за спасување на граѓаните од оваа криза. Адеми во исто време ги отфрли шпекулациите со бројки со кои, како што рече, се манипулира токму од страна на опозицијата. -За само неколку дена, од опозицијата со дијаметрално спротивни ставови што се во спротивност со самите себе си и со нивните партиски ставови, а тоа секако не е во ред бидејќи само ја зголемува конфузијата меѓу нашите граѓани. Во некои медиумски настапи Зијадин Села јасно може да се слушне како манипулира со албанската јавност во земјата. Неговите изјави се исто толку несериозни колку и трагични, бидејќи тој преку манипулирање со бројот на лицата кои немаат државјанство се обидува да добие ситни политички поени. Еднаш вели дека над 70 илјади Албанци немаат државјанство, за да потоа рече дека станува збор за 7.000 или помалку, што е исклучително драстична и несериозна разлика, рече Адеми. Тој цитираше податоци според кои од 1991 до 2021 година, со документ за државјанство се стекнале вкупно 43.321 Албанци, а само 3.374 од нив се одбиени. -Над 2.674 барања се во постапка за стекнување документ за држајнство, од кои пак, помалку од половина се поднесени од Албанци. И ова прашање ќе го решиме. Па дури и да се работи за само едно лице без државјанство, кое ги исполнува условите, бидејќи тоа е една од првите точки на нашиот политички договор, истакна Адеми. Тој ја повика опозицијата да престане со манипулирањето на чувствата на Албанците и еднаш и засекогаш да одлучи да ја игра улогата на вистинската опозиција, да биде коректор на власта и да ја исполни обврската што ја доби од народот. нд/са/          

Остани поврзан