• среда, 27 ноември 2024

Адвокат со кубанско потекло назначен за шеф за внатрешна безбедност на САД

Адвокат со кубанско потекло назначен за шеф за внатрешна безбедност на САД
Вашингтон, 24 ноември 2020 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го номинираше Алехандро Мајоркас, адвокат со кубанско потекло, за американски секретар за внатрешна безбедност, соопшти тимот на Бајден. На Мајоркас, поранешен јавен обвинител во Калифорнија и заменик-министер за внатрешна безбедност на САД во администрацијата на Барак Обама, му е доверено Министерството за внатрешна безбедност и се очекува да ја смени строгата имиграциска политика на Трамп. Министерството за внатрешна безбедност е основано по терористичките напади на 11 септември 2001 година, управува со крајбрежната стража и тајната служба, вработува околу 240.000 луѓе и е одговорно за безбедноста на границата, имиграциската контрола и кибер безбедноста, природни катастрофи и обезбедување помош на ранливите категории. Мајоркас, кој сега има 61 година, е роден во Хавана, но со семејството побегнал од режимот на Кастро во САД кога имал една година, прво во Флорида, а потоа во Калифорнија. „Соединетите Американски Држави ми дадоа на мене и на моето семејство место за живеење и засолниште. Денес сум номиниран да ги заштитам сите Американци и оние кои емигрираат во Америка барајќи подобар живот за себе и за своите најблиски“, напиша Мајоркас на Твитер. паг/  

Остани поврзан