• понеделник, 23 декември 2024

Адвокатот Ненад Јаниќевиќ стана советник на претседателката на Меѓународната унија на адвокати

Адвокатот Ненад Јаниќевиќ стана советник на претседателката на Меѓународната унија на адвокати

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) - Реномираниот македонски адвокат Ненад Јаниќевиќ, стана советник на претседателката на Меѓународна унија на адвокати (УИА), Американката Жаклин Скот.

Изборот на адвокатката Скот за претседател на УИА и изборот на македонскиот адвокат Јаниќевиќ за нејзин советник, се случи на неодамна завршениот конгес на адвокати во Рим, на најстарата адвокатска асоцијација, Меѓународна унија на адвокати (УИА).

-Во наредниот период со претседателката Скот, УИА ќе стави посебен акцент на земјите од Балканот, што досега не беше случај. Проблем на еден адвокат е проблем на сите адвокати во светот. УИА секогаш се труди да придонесе за решавање на сите конфликтни ситуации во светот. Претседателката Скот и досега активно се залагала за владеење на правото низ повеќе земји во светот, изјави за МИА Јаниќевиќ. 

Адвокатот Јаниќевиќ зад себе има богата адвокатска кариера, а од 2000 до 2013 беше и председател на Управниот одбор на Адвокатската комора на Македонија, и седум години регионален секретар на УИА за сектор 8 кој ги опфакаше ,Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Албанија, Турција.

Тој беше вклучен и во изнаоѓање на решение помеѓу адвокатската комора на Хрватска со една странска адвокатска канцеларија како и со председателот Максим Хаџија на Адвокатската комора на Албанија, со неговите колеги Фатмир Брака и Вирџил Караја, во приближување на комората на Албанија кон меѓународните адвокатски асоцијации.

Во своето активно делување посредуваше во решавање на спорот помеѓу коморите на федерација и Република Српска во БиХ, проблем со 4.5 месечниот штрајк во Србија каде што како член УИА имаше средби и разговори со надлежните министерства на Србија и Адвокатската комора на Србија, проблемите со фискални каси и проблем со постапката против адвокат од Црна Гора во вршење на адвокатска дејност. нд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан