• среда, 27 ноември 2024

Агенцијата за иселеништво со низа проекти ги доближува македонската култура, традиција, јазик и историја пред дијаспората

Агенцијата за иселеништво со низа проекти ги доближува македонската култура, традиција, јазик и историја пред дијаспората
Охрид, 6 јули 2022 (МИА) - „Ликовна колонија“, „Спортски камп“, „Летна школа“ и „Фолклорен фестивал“ се дел од проектите на Агенцијата за иселеништво што во летниот период ги организира со цел презентирање на македонската култура, традиција, јазик и историја пред иселениците од дијаспората. Во рамките на активностите, како што соопшти Агенцијата, во Охрид се одржува вториот „Спортски капм“ посветен на децата од дијаспората. Присутните ги поздравил директорот Слободан Близнаковски, кој изразил надеж за идна соработка и учество во следните нивни активности. - Овој проект има за цел да ги поттикне младите генерации на здрав и спортски живот, а воедно преку дружба и едукативни содржини ја запознаат одблиску земјата на нивото потекло, стои во информацијата. Агенцијата за иселеништво од 25 до 31 јули треба да ја реализира и „Летната школа“ по македонски јазик, наменета за децата на иселениците, на возраста од 12 до 16 години. - На младите генерации на иселеници да им го доближиме, а воедно и да учествуваме во едукацијата во изучувањето на македонскиот јазик. Покрај класичната настава за јазикот, ќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, игри на вода, плажа, екскурзии и посети на интересни места во градот, соопшти Агенцијата. За зачувувањето на македонската култура и традиција, Агенцијата за иселеништво од 20 до 24 јули во Охрид ќе организира и „Иселенички фолклорен фестивал“, на кој ќе учествуваат четири културно – уметнички друштва од иселеништвото. - Покрај настапите ќе се одржуваат и работилници со еминентни културно - уметнички работници за продуцирање на народна музика, кореографии и изработка на носии, а ќе се организираат и посети на културно-историски знаменитости, посочуваат од Агенцијата. сс/дма/

Остани поврзан