• среда, 25 декември 2024

Агентот на Жоржињо: Јувентус тешко ќе го привлече

Агентот на Жоржињо: Јувентус тешко ќе го привлече
Лондон, 2 јуни 2020 (МИА) - Агентот на Жоржињо ги коментираше гласините дека Јувентус се обидува да го привлече играчот од средниот ред на Челси. Според најновите шпекулации, „бјанконерите“ го нудат Федерико Бернардески во замена за играчот на „сините“. - Слушам за овие гласини од весниците, затоа што никој од Јувентус не ме контактираше. Маурицио Сари го цени многу како личност и како играч. Тие работат совршено, но тоа е сè. Играчот е фокусиран само на Челзи. Тој продолжи со тренинзите и се подготвува за обновување на Премиер лигата, рече Жоао Сантос Тој објасни дека дури и ако желбата на Јуве беше реална, ќе биде тешко да се случи трансфер ова лето. - Мислам дека ќе биде тешко за „бјанконерите“ сега да го купат, затоа што трансфер пазарот се промени со пандемијата, а Жоржињо има договор со Челзи до 2023 година. Тој е заменик-капитен и е прогласен за важен играч. Јас не зборувам само за Јувентус, туку сите големи европски клубови ќе имаат проблем да платат толку многу за еден играч во овој момент, посочува агентот. На прашањето што ќе се случи ако Јувентус даде понуда, тој одговори: „Ако тоа се случи, јас би рекол дека секој што го сака Жоржињо, треба да разговара со Челси и Марина Грановскаја. Потоа, заедно ќе решиме што да правиме. Тоа нема да е проблем“.

Тагови

Остани поврзан