• понеделник, 23 декември 2024

Агелер: Се надевам дека ниту една политичка партија или личност не би работела на дестабилизација на својата земја

Агелер: Се надевам дека ниту една политичка партија или личност не би работела на дестабилизација на својата земја

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) – Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека тоа може да биде во нечиј интерес, а особено не во интерес на граѓаните на оваа земја, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер.

Прашана за стабилноста на земјава и дали разговарала со владини претставници за можна дестабилизација, Агелер рече дека секојдневно зборува со претставници на владата, бидејќи тоа и е работа, но дека не се сеќава на разговор за тоа конкретно.

- Затоа и имам фотографии со поранешни функционери, бидејќи тоа ми е работа. Но, конкретно за стабилноста на земјата, не се сеќавам на разговор за тоа конкретно, но разговарав со премиерот синоќа, веднаш по објавувањето на новите имиња на црната листа, бидејќи му ги пренесов објавите и разговарав повторно со него денеска. Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека тоа може да биде во нечиј интерес, а особено не во интерес на граѓаните на оваа земја, изјави Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конфернецијата за проширувањето на „црната листа“ на Стејт департментот на САД. 

Улогата на лидерот, нагласи Агелер, без разлика дали во владејачката коалиција или во опозицијата, треба да биде во насока на обезбедување на стабилна, безбедна и просперитетна Северна Македонија. 

- Тоа е тоа што граѓаните го сакаат. Не сакаат да има напори за дестабилизација, порача Агелер.

Тоа што граѓаните сакаат, подвлече Агелер, е да видат акција против корумпираните актери во земјава. аа/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан