• петок, 22 ноември 2024

Агелер: САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите вклучени во корупција

Агелер: САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите вклучени во корупција

Скопје, 18 март 2024 (МИА) – Именувањата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски не треба никого да изненадуваат, вели американската амбасадорка Анџела Агелер и порачува дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, огранок на владата или заедница што е вклучена во значителна корупција.

Агелер, во објава на Фејсбук, порачува дека народот на Северна Македонија заслужува правда и одговорност од нивните институции.

-Денешните назначувања на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски никого не треба да изненадуваат. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, огранок на владата или заедница што е вклучена во значителна корупција. Народот на Северна Македонија заслужува правда и одговорност од нивните институции за да се запре бранот на криминално однесување и да се запре ракот на корупцијата, се вели во ставот на амбасадорката Анџела Агелер, објавен на Фејсбук страницата на амбасадата на САД во Скопје.  

Поради вмешаност во значителна корупција американскиот Стејт департмент денеска именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црна листа“, меѓу кои и поранешната специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за претседател на Северна Македонија, Стевчо Јакимовски.

The U.S. Department of State announces on Monday the public designation of former Special Chief Prosecutor of North Macedonia, Katica Janeva; current mayor of Karpos, North Macedonia, Stevco

Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги определува и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и сопругата и возрасниот син на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев. Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД.

Нивните постапки, се вели во соопштението од Стејт департментот, го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.

Стејт департментот на САД денеска, заедно со Јанева и Јакимовски го објави и јавното именување и на поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку.

На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Кочо Анѓушев, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко. аа/

Фото: МИА архива/Фејсбук Амбасада на САД

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан