Автомобил удрил во полициско возило на автопатот Куманово – Табановце
- Сообраќајна незгода се случи вечерва на автопатот Куманово – Табановце кога автомобил марка „Шкода" удрил во службено полициско возило. Увидот на сообраќајката е во тек.

Куманово, 21 февруари 2023 (МИА) - Сообраќајна незгода се случи вечерва на автопатот Куманово – Табановце кога автомобил марка „Шкода" удрил во службено полициско возило.
Увидот на сообраќајката е во тек. Од полицијата најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден.
Поради сообраќајната незгода од 21 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец од Куманово, кај бензинската станица пумпа „Макпетрол“, до Граничниот премин „Табановце“, соопшти АМСМ.
СВР Куманово потврди дека во 20:50 часот добило пријава дека на автопатот Куманово -Табановце се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Шкода“, удрило во службено возило на МВР. ам/сп/