Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
- Најмалку 20 лица загинаа денеска, а 21 е повредено кога автобусот во кој се наоѓале падна во длабока провалија на крајниот север на Пакистан, изјави портпаролот на локалната влада, Фајзулах Фирак.

Исламабад, 3 мај 2024 (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа денеска, а 21 е повредено кога автобусот во кој се наоѓале падна во длабока провалија на крајниот север на Пакистан, изјави портпаролот на локалната влада, Фајзулах Фирак.
Несреќата се случила на автономната територија Гилгит-Балтистан.
Фирак рече дека повредените се пренесени во болници. рп/
Фото: МИА архива