Автобусите на ЈСП од утре ќе сообраќаат до 23 часот
- Јавниот превоз од утре ќе сообраќа до 23 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Скопје, 4 мај 2021 (МИА) - Јавниот превоз од утре ќе сообраќа до 23 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Последните термини на поаѓање пред 23 часот како и останатиот возен ред, до наведените последни термини, е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје. Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат вообичаено.
Посочениот режим, како што велат од ЈСП, е согласно последната одлука на Влада на Република Северна Македонија, за забрана за движење на населението од 23 до 5 часот. ар/са/