• сабота, 22 февруари 2025

Австрија прв противник на македонските ракометари во Главната рунда на СП 2025

Австрија прв противник на македонските ракометари во Главната рунда на СП 2025

Вараждин, 21 јануари 2025 (МИА) – Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025.

По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик.

Со евентуална победа македонската репрезентација ќе ја престигне Австрија и ќе ги задржи шансите за што повисок пласман, па дури и четвртфинале.

Почетокот на средбата е закажан за 15:30 часот.

Другите двојки од оваа група се: 
Катар – Холандија (почеток 18 часот) и
Унгарија – Франција (Унгарија – Франција 21 часот). зс/
Фото: ЕПА

Остани поврзан