• понеделник, 23 декември 2024

Австрија: Неколку лица хоспитализирани по користење фалсификуван лек за дијабетес Оземпик

Австрија: Неколку лица хоспитализирани по користење фалсификуван лек за дијабетес Оземпик

Виена, 24 октомври 2023 (МИА) - Неколку луѓе во Австрија завршија во болница откако, според првичните претпоставки, користеле фалсификувани верзии на лекот за дијабетес Оземпик од данскиот Ново Нордиск, соопшти денеска австрискиот регулатор за здравствена безбедност во првиот таков извештај, подготвен со цел да се сузбијат фалсификуваните лекови.

Пациентите доживеале хипогликемија и напади, кои се сериозни последици што укажуваат на тоа дека производот содржел инсулин наместо активната состојка на Оземпик семаглутид, соопшти регулаторот BASG.

Австриските истражители вчера предупредија дека фалсификуваниот лек можеби сè уште циркулира меѓу граѓаните.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела предупреди дека има инјекции со лажно име Оземпик.

Данскиот производител на лекови, Ново Нордиск, предупреди на зголемување на понудата на фалсификуван Ozempic на Интернет и лекот за слабеење Wegovy. Двата лека се базираат на семаглутид. ссм/

Остани поврзан