• среда, 25 декември 2024

Австрија започнува со масовно тестирање на населението

Австрија започнува со масовно тестирање на населението
Виена, 20 ноември 2020 (МИА) - Австрија, по истекот на мерката за „заклучување“, како што најави канцеларот Себастијан Курц, ќе спроведе масовно тестирање на населението за коронавирусот. Според планот за тестирање, на 5 декември, ден пред истекот на мерката за „заклучувањеё“, ќе започне тестирањето на наставниците, а потоа и на полицајците. Првиот викенд од декември ќе бидат тестирани сите вработени во државните училишта, како и персоналот во градинките - околу 200.000 луѓе. На 7. и 8 декември ќе се спроведе тестирање на сите околу 40.000 полицајци, а непосредно пред католичкиот Божик се планира пошироко тестирање на населението, на доброволна основа. Во првите недели од декември ќе се спроведе бесплатно тестирање во општини со високо ниво на инфекција. „На почетокот на следната година се планира ново масовно тестирање во целата земја“, соопшти Владата. Веќе се набавени седум милиони антиген брзи тестови, а се планираат и натамошни нарачки. Трошоците за првите седум милиони тестови се околу 50 милиони евра. Акцијата за масовно тестирање ќе ја спроведат Армијата и Министерството за здравство. Армијата веќе имаше искуство бидејќи и помагаше на Словачка во спроведувањето масовно тестирање таму. Покрај овие мерки, се работи и на скрининг програма за заштита на домовите за стари лица. Како што соопшти Владата, веќе се испорачани 315.000 тестови, а други три милиони се обезбедени. Канцеларот Курц истакна дека тестирањето се врши на доброволна основа. - Барам од населението да го поддржи овој проект и да учествува во него. Масовното тестирање е голема шанса за Австрија да најде начин за враќање во нормала до вакцинацијата, порача Курц. паг/    

Остани поврзан