• сабота, 21 септември 2024

Австриските компании се повеќе бараат краткорочни заеми

Австриските компании се повеќе бараат краткорочни заеми
Виена, 12 април 2022 (МИА) - Австриската Централна банка утврди дека војната во Украина ја зголемила побарувачката на австриските компании за краткорочни заеми, првенствено за набавки во периодот на зголемени прекини во синџирот на снабдување. Побарувачката на компанијата за краткорочни кредити е во пораст од вториот квартал на 2021 година, а во тековниот квартал би требало да биде уште поинтензивна.

Главни причини за зголемената побарувачка за ликвидност во изминатите два квартали беа финансирањето на резервите и обртните средства, додека инвестициите беа во втор план, се наведува во кварталниот извештај на австриската Централна банка.

Истражувањата покажуваат дека војната во Украина ги влоши проблемите со снабдувањето и го забрза растот на цените на суровините и енергијата, па компаниите првенствено се обидуваат да ги надополнат резервите, што значи уште поголема побарувачка за краткорочни заеми. Додека кредиторите охрабруваат дека има доволно пари, како за обртни средства, така и за инвестиции. ми/

Остани поврзан