• среда, 25 декември 2024

Австрискиот амбасадор Мартин Памер во посета на Општина Охрид

Австрискиот амбасадор Мартин Памер во посета на Општина Охрид

Охрид, 13 октомври 2023 (МИА) – Амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, денеска престојуваше во прва посета на Општина Охрид, при што оствари средба со градоначалникот, Кирил Пецаков.

На средбата било разговарано за можноста за воспоставување на соработка помеѓу Охрид и градови од Австрија, како и за зголемување на соработката во областа на туризмот.

Градоначалникот и амабасадорот разговарале и за прашања поврзани со урбанистичкото планирање на градот, исполнување на препораките од УНЕСКО и за можностите за странски инвестиции во Охридскиот регион, информираат од Општина Охрид.

Пецаков го запознал амбасадорот со приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и мерките што се спроведуваат за воспоставување финансиска стабилност на општинскиот буџет.

Било разговарано и за прашања поврзани со богатото културно наследство на Охрид и континуираната поддршка на Австриската амбасада на фестивалот „Охридско Лето“, како најзначајна културно-сценска манифестација во земјата. аб/вг/

Фото:Општина Охрид

Остани поврзан