• среда, 25 декември 2024

Австрискиот амбасадор во Иран индиректно обвинет за шпионажа

Австрискиот амбасадор во Иран индиректно обвинет за шпионажа
Техеран, 22 декември 2020 (МИА) - Австрискиот амбасадор во Иран индиректно е обвинет за шпионажа, поради „сомнителни“ службени патувања во Иран за време на пандемија. Иранската новинска агенција Мер не го споменува зборот шпионажа, туку зборува за сомнителните активности на дипломатот. „Која е работата на австрискиот амбасадор во Иран?“, прашува агенцијата, врз основа на 25 „сомнителни“ патувања на австрискиот дипломатски претставник за време на пандемијата на коронавирусот во Иран. Станува збор за состаноци со деловни луѓе, а агенцијата го покренува прашањето зошто амбасадорот патува толку многу низ Иран во време на пандемија. „Со оглед на фокусот на амбасадорот кон собирање економски информации, хипотезата дека овие патувања служат за проценка на влијанието на санкциите врз иранската економија не може да се игнорира“, констатира агенцијата, истакнувајќи дека ваквите информации се од посебен интерес за западните разузнавачки служби. Министерството за надворешни работи на Австрија веднаш реагираше на овој текст. „Тензиите во регионот растат. За да спречиме понатамошна ескалација, мора да побараме дијалог со Иран. Тоа е причината за активностите на нашиот амбасадор“, порача официјална Виена. паг/    

Остани поврзан