• среда, 25 декември 2024

Австриската полиција со дронови и помага на Србија да ја надгледува границата со Северна Македонија за намалување на миграцијата

Австриската полиција со дронови и помага на Србија да ја надгледува границата со Северна Македонија за намалување на миграцијата

Виена, 4 декември 2023 (МИА) - Австриската полиција користи дронови за да и помогне на Србија да ја надгледува границата со Северна Македонија. Ова е кажано за австриската агенција АПА при МВР во Виена.

„Апсолутно е неопходна блиска прекугранична соработка во борбата против бруталните шверцери на луѓе. Затоа, знаењето на австриските специјалисти за беспилотни летала се бара и на границата на Србија и Северна Македонија“, изјави за агенцијата министерот за внатрешни работи Герхард Карнер.

Според АПА, властите во Белград минатата недела иницираа интензивни мерки на границата со Северна Македонија и Бугарија, што резултираше со значително намалување на илегалната миграција во Австрија, односно граничните премини во областа на провинцијата Бургенланд/Градишќе, која граничи со Унгарија.

Според АПА, тоа е поврзано и со зголемените контроли по мигрантските рути и со зголемените патроли на австриската полиција на границата со Унгарија.

Според Министерството во Виена, повеќе од сто австриски полицајци во моментов се ангажирани во одредени балкански земји и во Унгарија. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан