• вторник, 24 декември 2024

АВМУ: Забрането е да се емитува платено политичко рекламирање со малолетници

АВМУ: Забрането е да се емитува платено политичко рекламирање со малолетници
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (ААВМУ) потсетува дека е забрането емитување платено политичко рекламирање (ППР) со малолетници, откако такво нешто констатирале од страна на повеќе телевизии со мониторингот на изборното медиумско претставување за претстојните Локални избори. Во соопштение ААВМУ денеска ги посочи одговорностите и на учесникот во изборната кампања и радиодифузерите. -Согласно Изборниот законик учесникот во изборната кампања е одговорен за содржината на огласите, соопштенијата, рекламите и другиот снимен материјал чиј нарачател се, но одговорност имаат и радиодифузерите имајќи го предвид член 76 став 3 од Изборниот законик во кој изричито е пропишано дека не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање, информираат од АВМУ.свс/лв/

Остани поврзан