• понеделник, 23 декември 2024

АВМУ:Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост

АВМУ:Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост

Скопје, 12 февруари 2023 (МИА) -  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги повикува радиодифузерите утре соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост, што го прогласи Владата за жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.

-Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат утре, да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е да не се емитува рекламирање, соопшти ААВМУ.лв/

Остани поврзан