Авицена лабораторија отвора нов посебен простор за тестирање за Ковид - 19
- „Авицена лабораторија“ стави во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за ковид-19, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на
Број на објава:638/09/20
Датум: 18.09.2020
Клучни зборови:Авицена
Скопје, 18 септември 2020
„Авицена лабораторија“ стави во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за ковид-19, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните.
Овој простор за прием на пациенти и земање примероци за тест за ковид-19 е целосно физички одвоен од постојниот влез на лабораторијата и од постојната чекалница.
Истовремено, трикратно се зголемува и капацитетот за изработка на тестови за ковид-19 на дневно ниво,
бидејќи лабораторијата е во фаза на инсталација на дополнителна високософистицирана опрема за целосна автоматска изработка на Real-time PCR тестови. На овој начин ќе се намали и времето за закажување тестирање и за добивање резултат.
Сите редовни пациенти ќе се примаат преку ВЛЕЗ 1 – досегашниот постоен влез на лабораторијата.
Просторотза прием и чекалницата се реновирани и повторно преуредени за сите клиенти и пациенти, за сите видови лабораториски услуги и во овој дел нема да се врши прием на пациенти за тест за ковид-19.
Приемот на пациенти за тест за ковид-19 ќе се одвива во новиот одвоен дел преку ВЛЕЗ 2, кој се наоѓа веднашдо влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“.
Закажувањето за тест за ковид-19 се врши на тел. 071/278-529 или 078/218-731.
Како приватна здравствена установа, „Авицена лабораторија“ уште од самиот почеток презема одговорност пред граѓаните и општеството, и активно се вклучи во борбата против оваа пандемија. Тимот на „Авицена лабораторија“ се обврза активно да ги стави на располагање сите ресурси, искуство и знаење, со цел подобро справување со ситуацијата и постојана достапност за потребите на клиентите, во насока на подобрување на здравствените услуги за сите граѓани.
Авицена специјалистичка дијагностичка лабораторија Скопје
МИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.