Авионско третирање против комарци утре на кавадаречка територија
- Во случај на врнежи, како што е наведено, прскањето ќе биде одложено за друг ден.
Кавадарци, 5 август 2025 (МИА) - Второто авионско третирање против комарци за 2025 година на територијата на општина Кавадарци ќе се спроведе утре со почеток од 6 до 7 часот, соопштија од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Третирањето ќе го изврши фирмата ДВТ „Аероклуб Скопје“ ДОО Чучер Сандево. Се известуваат сите граѓани, како и пчелари дека во периодот на третирање и 3-4 часа подоцна да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од влијание на средството со што се врши третирањето, врз безбедноста на пчелните семејства, појаснија од градоначалничкиот кабинет.
Во случај на врнежи, како што е наведено, прскањето ќе биде одложено за друг ден.
Предвидено е со третирање да биде опфатено течението на реката Луда Мара од село Марена, целото градско подрачје, село Ваташа, па сѐ до брана Моклиште. свд/бд/
Фото: МИА архива