• среда, 27 ноември 2024

Авионот што се урна минатата недела во Папуа Нова Гвинеја превезувал половина тон кокаин

Авионот што се урна минатата недела во Папуа Нова Гвинеја превезувал половина тон кокаин
Мелбурн, 1 август 2020 (МИА) - Малиот авион што минатата недела полета за Австралија и набрзо по полетувањето се урна во Папуа Нова Гвинеја, носел повеќе од 500 килограи кокаин, соопштија денеска австралиските власти. Полицијата на Австралија и на Папуа Нова Гвинеја соопштија дека пронашле 28 пакети кокаин на повеќе локации и уапсени се пет лица осомничени за илегална трговија со дрога. Тие се членови на криминална група од Мелбурн, која наводно е поврзана со италијанскиот организиран криминал. Осомничените можат да бидат осудени на доживотна казна затвор. Вредноста на пронајдениот кокаин се проценува на 57 милиони австралиски долари. ми/

Остани поврзан