• понеделник, 10 февруари 2025

Авганистанските талибанци потврдија дека се во тек разговори за размена на затвореници со САД

Авганистанските талибанци потврдија дека се во тек разговори за размена на затвореници со САД

Кабул, 11 јануари 2025 (МИА) – Авганистанските талибанци денеска потврдија дека водат разговори со САД за размена на затвореници, наведувајќи дека сè уште не е постигнат договор, пренесоа локалните медиуми.

Заменик портпаролот на талибанците Хамдула Фитрат изјави дека се водат преговори за ослободување на Американците од затвори во Авганистан во замена за затвореник од Гвантанамо, јави авганистанската телевизија Толо њуз.

„Волстрит џурнал“ во вторникот објави дека американската администрација преговара со Авганистан за размена на Американците притворени во земјата за најмалку еден затвореник од Гвантанамо, кој наводно бил во контакт со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен. јт/

Фото. МИА архива

Остани поврзан