• понеделник, 23 декември 2024

„Аваја“ донираше амбулантно возило за Поликлиниката Чаир

„Аваја“ донираше амбулантно возило за Поликлиниката Чаир
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Граѓанското движење „Аваја“ денеска донираше амбулантно возило за Поликлиниката Чаир за потребите на граѓаните од Шуто Оризари и финансиска поддршка за ангажирање на две медицински сестри Ромки во дел од одделенијата на Здравствениот дом Скопје. -Со ова ќе биде заокружена целата поддршка што „Аваја“ ја дава за подобрување на здравството и пристапот кон здравствени услуги на Ромите од Шуто Оризари, рече денеска Елвис Шаќири од „Аваја“ за време на предавањето на донацијата. Одлуката за ангажирање на две медицински сестри Ромки е иницирана минатата година со потпишувањето на трипартитниот меморандум меѓу Владата, Поликлиника Чаир и „Аваја“. Според Шаќири, вработувањето на двете медицински сестри се очекува да биде реализирано во јануари 2023 година. Со потпишувањето на меморандумот и договорот за донација, Владата и Поликлиниката Чаир се обврзуваат после две години да ги превземат медицинските сестри во редовниот систем на вработувања. Минатиот месец, „Аваја“ го поддржа процесот на отворање на гинеколошка амбуланта во Шуто Оризари, при што беа ангажирани медицински сестри за период од шест месеци. бт/бак/

Остани поврзан