Кабајеро: Влезот на Бугарија во Шенген ќе даде шанса да го претвори аеродромот во Софија во регионален центар
- Влегувањето на Бугарија во Шенген по воздушен пат, а следната година и по копно, ќе ги олесни карго летовите и имаме шанса да го претвориме аеродромот во регионален центар. Ова го рече Хесус Кабајеро, извршен директор на СОФ Конект – оператор на аеродромот во главниот град, на конференцијата Aviation-Event 2024 SOF.
Софија, 29 ноември 2024 - Влегувањето на Бугарија во Шенген по воздушен пат, а следната година и по копно, ќе ги олесни карго летовите и имаме шанса да го претвориме аеродромот во регионален центар. Ова го рече Хесус Кабајеро, извршен директор на СОФ Конект – оператор на аеродромот во главниот град, на конференцијата Aviation-Event 2024 SOF.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
За време на настанот беа наведени дел од целите на компанијата, беа презентирани и податоци за развојот и конкурентноста на аеродромот во Софија до тој момент. Во оваа прилика Кабајеро повторно ја истакна важноста на бугарската авијација и нејзиното место во индустријата на континентот.
„Во моментов Бугарија е лидер во сервисирањето и одржувањето на авионите“, рече извршниот директор. Работата во оваа област ни носи годишен обрт од 150 милиони евра“, додаде тој. Аеродромот во Софија има потенцијал да стане првиот аеродром со 5 ѕвезди на Балканот, смета Кабајеро.
На настанот беше претставен и планот за претстојниот трет терминал на главниот градски аеродром. Кабалеро истакна дека вкупниот капацитет на аеродромот, откако ќе биде завршен, значително ќе се зголеми.
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.