АБА 2: Пелистер загуби од Широки Брег и остана без пласман во плејофот
- Кошаркарите на Пелистер загубија вечерва на гостински терен од Широки Брег со 73-93 и со четвртиот пораз во петтиот натпревар во групата Ц остана без шанса за пласман во плејофот во регионалната АБА 2 лига.

Широки Брег, 4 декември 2024 (МИА) – Кошаркарите на Пелистер загубија вечерва на гостински терен од Широки Брег со 73-93 и со четвртиот пораз во петтиот натпревар во групата Ц остана без шанса за пласман во плејофот во регионалната АБА 2 лига.
За актуелниот македонски вицешампион ова беше третиот пораз во последните три натпревари во сите конкуренции, а четврти со серијата во регионалното натпреварување.
Пелистер беше рамноправен противник само во првата четвртина (23-24), по која му дозволи на босанскиот тим да ја целосно да ја преземе контролата врз резултатот.
Македонскиот тим на полувреме беше во негатива од 39-53, а во последната четвртина Широки брег во неколку наврати имаше предност од највисоки 29 поени.
Најефикасни во редовите на битолскиот состав беа Бојиќ и Едвардс со по 18 поени.
Со овој пораз Пелистер е последен на табелата во групата Ц со една победа и четири порази пред дуелот од последното коло, против Подгорица на домашен терен на 19 овој месец. ег
ФОТО: КК Пелистер/Фејсбук