• вторник, 24 декември 2024

АБА го потврди вклучувањето на кошаркарскиот клуб Дубаи

АБА го потврди вклучувањето на кошаркарскиот клуб Дубаи


Белград, 25 мај 2024 (МИА) – Кошаркарскиот клуб Дубаи од следната сезона официјално ќе биде член на АБА лигата, потврди раководството на регионалното натпреварување.
Од АБА лигата изјавија дека потпишан е повеќегодишен договор со Дубаи.
„На тој начин се дефинираат сите клучни елементи на идната спортска и деловна соработка, почнувајќи од учеството на Дубаи во АБА лигата од сезоната 2024/25“, се наведува во соопштението.
Директорот на Лигата, Дубравко Кметовиќ, изјави дека приклучувањето на Дубаи во АБА лигата на многу начини е специфичен спортски и деловен проект.
Тој додаде дека клубовите ова го препознале како идеална можност да постигнат две цели – да го зголемат квалитетот на натпреварувањето и да ја отворат вратата за нов пазар.
„Со нетрпение очекуваме да бидеме домаќини на АБА лигата овде во Дубаи, во Кока-Кола арената, каде што љубителите на кошарката ќе можат да уживаат во врвно искуство. Им благодарам на раководството на АБА лигата и на клубовите од сè срце за нивната соработка и посветеност да ја донесеме АБА лигата во нашиот град“, изјави претседателот на Дубаи, Абдула Сеид Ал Набодах. ег ФОТО: Икс
 

 

Остани поврзан