• среда, 25 декември 2024

Абас ја прифати оставката на палестинската влада

Абас ја прифати оставката на палестинската влада

Рамала, 26 февруари 2024 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја прифати оставката на премиерот Мохамад Штаје и неговата влада поднесена претходно денеска, се наведува во соопштението од канцеларијата на претседателот.

Абас издаде декрет за прифаќање на оставката и ѝ наложи на владата на Штаје да продолжи со работа „привремено додека не се формира нова влада“, се вели во соопштението.

Претходно денеска Штаје соопшти му ја врачил оставката на Абас. Штаје додаде дека поднел оставка минатиот вторник, но писмената оставка ја предал денеска.

- Ја поднесувам оставката на владата до господинот претседател, рече Штаје, додавајќи дека потегот доаѓа по „развојот на настаните поврзани со агресијата во Појасот Газа и ескалацијата на Западниот Брег и во Ерусалим“.

Штаје додаде дека поднесува оставка за да им овозможи да се формира широк консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по војната на Израел против Хамас во Газа.

- Одлуката за оставка дојде во светло на невидената ескалација на Западниот Брег и Ерусалим, како и војната, геноцидот и гладот во Појасот Газа, истакна Штаје. ссм/

фото: архива

Остани поврзан