Абас: Хамас може да биде партија ако го признае Израел
- Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека радикалното движење Хамас би можело да стане политичка партија доколку ги прифати принципите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), која го признава Израел и го поддржува решението за две држави.
Рамала, 21 октомври 2025 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека радикалното движење Хамас би можело да стане политичка партија доколку ги прифати принципите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), која го признава Израел и го поддржува решението за две држави.
- Хамас сè уште има можност да стане политичка партија доколку ги прифати принципите на ПЛО, која го признава Израел, ги почитува неговите меѓународни обврски и го поддржува решението за две држави, рече Абас во интервју за италијанскиот весник Кориере дела Сера.
Тој нагласи дека Палестинската управа работи на подготовка на два законски предлози - еден за избори и еден за политички партии, како и дека парламентарни и претседателски избори би можеле да се одржат во рок од една година по завршувањето на конфликтот.
- Работиме на два законски предлози: еден за избори и еден за партии, додаде Абас, најавувајќи дека вестите за подготовка на преоден устав ќе бидат објавени во наредните месеци.
Палестинскиот претседател на 7 ноември ќе ја посети Италија и ќе се сретне со папата Лав XIV. јт/