• сабота, 23 ноември 2024

Абазовиќ: „Отворен Балкан“ е одлична можност за соработка на земјите во регионот

Абазовиќ: „Отворен Балкан“ е одлична можност за соработка на земјите во регионот
Охрид, 8 јуни 2022 (МИА) – Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска од Охрид најави дека по учеството на самитот „Отворен Балкан“ ќе разговара со ресорните министри во неговата Влада да ги разгледаат сите сегменти што ги нуди иницијативата и врз основа на тоа ќе донесат одлука дали државата ќе се приклучи. - Ние сме нова Влада, која е 30 дена во кабинетот и не може сите прашања да ги третира истовремено и автоматски. Со сите премиери и претседатели во регионот имам добра соработка. Во Црна Гора дел од јавноста тоа го третира како слабост од себични политички причини и сака Балканот да го задржи на оној статус, кој беше сите овие децении. Мојот пристип е поинаков, ќе имаме отворена комуникација со сите. Владата ќе разговара со ресорните министерства за сите сегменти на „Отворен Балкан“ - за земјоделство, енергетика, образование, преминувањето граници... Ако после тие анализи, кои треба да поминат во демократски дух, се создадат услови да бидеме полноправни членки со задоволство, изјави Абазовиќ за самитот „Отворен Балкан“. Иако, се уште не се полноправни членки на иницијативата, тој нагласи дека се полноправни во развивање добри регионални односи. „Отоврен Балкан“, нагласи дека не го гледа како никаква алтернатива за Европската Унија. Самитот во Охрид го оцени како пријатен и одлична можност за соработка, нагласувајќи дека Црна Гора мора да оди напред, а тоа ќе се случи само со добра соработка во регионот. сс/вг/

Остани поврзан