• вторник, 24 декември 2024

Абазовиќ: Коалицијата „Храбро се брои“ ќе биде главниот столб на Владата

Абазовиќ: Коалицијата „Храбро се брои“ ќе биде главниот столб на Владата

Подгорица, 11 јуни 2023 (МИА) - „Вечерва победи еколошката, европската и граѓанската Црна Гора“, изјави Дритан Абазовиќ, лидер на ГП УРА и втор на листата на „Браво се брои“.

-Оваа коалиција ќе биде главниот столб на Владата на Црна Гора. Целта е инклузивно општество, рече досегашниот технички премиер Абазовиќ.

Тој кажа дека сега имаат многу работа и дека ова е нова енергија во Црна Гора.

-Не е важно што бевме главна цел во кампањите, членовите на двете партии покажаа издржливост и ја постигнавме нашата цел. Одиме понатаму, храбро ќе броиме и во наредниот период, заклучи тој.

Коментирајќи ја изјавата на Милојко Спајиќ, лидерот на листата на Движењето Европа сега, дека нема да формира влада со УРА, Абазовиќ рече дека „владата ја имаме , го чекаме парламентот“.

-Спајиќ доби најмногу гласови, нека ја формира, додаде Абазовиќ, пренесува Vijesti.me.

„Кој сака да го стави националниот интерес на прво место е наш партнер. Не гледаме стабилна Влада во која ние нема да учествуваме. За нас не се прифатливи само луѓе кои имаат врски со организиран криминал и корупција“, рече тој.

Тој рече дека е рано да се зборува за комбинаториките.

Неговиот коалициски партнер Алекса Бечиќ кажа дека мора сите да разговараат бидејќи никој нема 41 пратеник.

-Никој не може сам, мора да направиме компромиси и да се договориме, додавајќи дека за ова ќе може да елаборира дури во наредните денови. сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан