АА: Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме
- СООПШТЕНИЕ - Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности. Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ.

Скопје, 29 ноември 2024
Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности. Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ.
Празничната и позитивна атмосфера во секој дел од земјата не треба и не може да биде помрачена од вакви изолирани акти. Секој облик на насилство е неприфатлив во нашата земја и мора да биде осуден без компромис од сите страни.
Алијанса за Албанците
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.