• петок, 05 декември 2025

АА: Владата и отвора врата на корупцијата со незаконскиот меморандум за гасификација на државата

АА: Владата и отвора врата на корупцијата со незаконскиот меморандум за гасификација на државата

Скопје, 25 јули 2025

Алијанса за Албанците остро го осудува одлуката на Владата за потпишување на меморандум за соработка со „Казанджи Холдинг“, чие подружничко претпријатие, „АКСА Енерџи“, е предмет на истраги за корупција во Гана. Овој потег претставува сериозно прекршување на Законот за енергетика и голем ризик за енергетската иднина и јавниот интерес на граѓаните на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Aлијанса за Албанците што МИА го пренесува во интегрална форма.

Наместо да спроведе транспарентна и конкурентна тендерска постапка, како што јасно е предвидено во членот 94 од Законот за енергетика, Владата одлучува да склучува договори на таен и сомнителен начин, без никаква длабинска анализа за економските, еколошките и општествените последици.
Оваа мрачна практика ги зголемува сомнежите дека партиските и личните интереси се ставаат над јавниот интерес, додека граѓаните ќе бидат тие што ќе ја платат цената за проект што е спротивен на стратешката насока на земјите од ЕУ. Додека земјите членки на Европската Унија се оддалечуваат од природниот гас, Владата гради нови дистрибутивни мрежи за енергенс што е поскап и поштетен за климата и за семејниот буџет.
Прашањата на кои Владата треба да одговори се:
• Зошто се прекршува Законот за енергетика и се заобиколува законската постапка за избор на партнер?
• Дали е направена анализа за реалните потреби од гасификација и трошоците за граѓаните?
• Дали постои стратегија за развој на енергетскиот сектор за наредните 20 години, како што е законска обврска?
• Какви гаранции му се дадени на странскиот инвеститор за да биде „убеден“ да инвестира 1 милијарда евра?
Партнерството со компанија вмешана во меѓународни корупциски афери е аларм за организирана корупција на високо владино ниво и бара итна истрага од надлежните институции, вклучувајќи го Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Алијансата за Албанците бара итно поништување на меморандумот, враќање во законски рамки и отворање на јавна дебата за енергетската безбедност и долгорочната насока на енергетските политики во земјата.
Ниту еден договор склучен зад затворени врати на Владата не може да биде во корист на граѓаните. Транспарентноста е првиот услов за одржлив развој и борба против корупцијата.https://www.ft.com/content/c983c9ea-75e3-43e5-804c-002f15e5cd18

Алијанса за Албанците

Остани поврзан