• сабота, 23 ноември 2024

АА: Алијанса за Албанците партија со најголем раст на транспарентноста

АА: Алијанса за Албанците партија со најголем раст на транспарентноста

14 декември 2023 

Алијансата за Албанците е партијата со најголем раст на транспарентноста, се вели во Извештајот објавен од страна на Републичкиот меѓународен институт (ИРИ) за анализирање на службените страници на политичките партии  и на податоците објавени во нив. Според истражувањето на ИРИ, Алијансата за Албанците е единствената партија која од 2021 година до  октомври 2023  забележи пораст за три нивоа рангирајќи се како прва на листата на групата на партиите за транспарентност.

“Според резултатите добиени од Индексот на транспарентност (2023) на политичките партии, можеме да заклучиме дека има значително подобрување кај активната транспарентност на политичките партии, споредено со мерењето за Индексот на транспарентност (2021), иако сè уште ниту една партија нема постигнато „одлична активна транспарентност“ или помеѓу 97 и максимални 120 поени. Степенот „многу добра активна транспарентност“, за првпат го постигнале 3 политички партии (СДСМ, Левица и Алијанса за Албанците) освојувајќи помеѓу 73 и 96 поени“ – се вели во извештајот на американскиот ИРИ.

Од вкупно четири категории на активната транспарентност,  највисоките оценки за транспарентност, Алијанса за Албанците  ги доби токму заради  финансиска транспарентност.

“Одлична пракса, која ja воспоставиле Алијанса за Албанците26, ВМРО-ДПМНЕ27 и ДУИ28, која треба да ја следат и другите партии, е објавувањето на трошоците од изборните кампањи во интерактивна база на податоци, од која може да се преземат податоците во отворен формат ексел (excel)“ –  се вели во извештајот.

Во извештајот се наведува дека е многу ретко и не исполнето, партиите во нивните интернет страници да ги објават извештаите за ревизија од ЗДР за нивната работа, иако ЗДР, на својата интернет страница редовно објавува извештаи  за политичката активност  и извештаи за сметките од изборните кампањи, но АА е една од малкуте партии кои и во овој дел имаат забележено најголем резултат.

“Само ДУИ и Алијанса за Албанците добиле највисок број можни поени при оценувањето на овој индикатор, бидејќи објавиле од 75 до 100 % од оние ревизорски извешти кои се објавени на веб-страницата на ДЗР“ – се вели во извештајот на ИРИ.

Алијансата за Албанците, има добиено и највисоки оценки и во категоријата „Комуникација со граѓаните“, каде се истакнува дека само пет партии постигнале над 60% исполнетост на индикаторите.

“Само кај пет (5) партии: СДСМ, Левица, ДС, Алијанса за Албанците и ДОМ се достапни програмите од последните три изборни циклуси-се забележува во извештајот.

Индексот за транспарентност на политичките партии беше развиен во 2021 година, за да се измери колку политичките партии во Република Северна Македонија доследно ги спроведуваат законските обврски или применуваат добри практики за транспарентност. Во таа смисла, тој е дизајниран и наменет за примена на национално ниво. Извор за мерење на активната транспарентност на Индексот се веб-страниците, како главен извор за навремени информации наменети за граѓаните и тие се основата. Индексот не прави анализа на содржината или квалитетот на споделената информација.
Според резултатите добиени од мерењето во 2023 година, можеме да заклучиме дека споредено со претходното мерење во 2021 година, има значително подобрување на активната транспарентност на партиите – извести ИРИ.

Алијанса за Албанците

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Алијанса за Албанците 

 

 

Остани поврзан