АА: Актуелното мнозинство докажа на кој начин останува на власт
- Скопје, 11 ноември 2021

Скопје, 11 ноември 2021
Денеска беше денот кога паднаа сите маски, кога сегашниот режим се самопотврди, кога сите сведочевме и сведочиме кои сме и за што сме!
Денеска конечно беше делегитимиран хибридниот режим СДСМ-ДУИ, додека сега нема законитост со само 59 гласа и пратеник кој се уште е во мистериозни околности.
Денеска се потврди дека граѓаните и опозицијата имаа право кога инсистираа на рушење на овој режим којс се повикува во ЕУ со антиевропски механизми.
Овој режим денес докажа на кој начин останува на власт; со притисоци, закани и уцени!
Но, овој режим нема да опстане и покрај секоја акробација што ја прават!
Алијанса за Албанците
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.