• среда, 25 декември 2024

 Тасевска: Замрзната цена на лебот, СДСМ е со граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ со профитерите

 Тасевска: Замрзната цена на лебот, СДСМ е со граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ со профитерите

Скопје, 3 март 2023 

СДСМ нема да дозволи никој да профитира врз грбот на граѓаните. Покрај замрзнување на цената на 33 денари, Владата вчера донесе Одлука со која производителите на леб се обврзуваат да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.Сите пекарници се обврзани да ја почитуваат оваа обврска, а особено оние кои со месеци користеа повластена и далеку поевтина електрична енергија.Белиот и полубелиот леб од 450 грама се основно добро за стотици илјади семејства и оттаму скандалозен е предлогот на пекарниците  за воведување на таканаречен социјален леб.Ако пекарниците сакаат да бидат социјално одговорни тогаш, таквиот социјален леб можат бесплатно да го делат на социјално ранливите категории граѓани, но да се намалува грамажа за цената која е замрзната на 33 денари, тоа е класично изигрување на обврската.Додека СДСМ работи за граѓаните, единствено ВМРО-ДПМНЕ застана зад профитерите и бара поскап леб за народот и уште еднаш потврди дека важни и се само бизнис интересите на поединци.Ние остануваме на страна на граѓаните, засилените контроли во сите градови низ државата продолжуваат и понатаму.Државата, институциите преземаат сѐ за да се спречи профит на поединци на штета на граѓаните.Никој не смее и нема да го осиромашува народот заради лично богатење.Како одговорна, државотворна партија, продолжуваме со реализација на мерките и политиките што го штитат и унапредуваат животниот стандард на граѓаните.

 

Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото:СДСМ

Остани поврзан