• понеделник, 23 декември 2024

 Во напад на израелски доселеници на окупираниот Западен Брег запалени 20 автомобили

 Во напад на израелски доселеници на окупираниот Западен Брег запалени 20 автомобили

Рамала, 4 ноември 2024 (МИА) - Израелските доселеници на окупираниот Западен Брег запалија 20 автомобили во напад на палестински имоти во предградијата на Рамала.

Десетина маскирани напаѓачи фрлаа запаливи бомби врз автомобилите во областа Ал Бире во предградието Рамала во текот на ноќта и продолжиле со тоа и покрај повиците од локалното население да запрат.

- Кога слеговме да се обидеме да го изгасиме пожарот, тие почнаа да пукаат кон нас, изјави Ихаб Ал Забен, жител на областа.

Палестинската управа со седиште во Рамала го осуди „бруталниот напад од милитантите доселеници“, додека претставникот на Хамас Абдул Рахман Шадид рече дека нападот претставува ескалација на доселениците и побара „решение за овие злосторства“.

Израелската полиција и безбедносната агенција Шин Бет соопштија дека започнале истрага за нападот.

Насилството од страна на еврејските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег наиде на меѓународна осуда и доведе до тоа некои земји да воведат санкции за голем број доселеници. ссм/

фото: архива

Остани поврзан