• среда, 27 ноември 2024

 Во Кавадарци одбележан Денот на хуманоста со хуманитарна акција

 Во Кавадарци одбележан Денот на хуманоста со хуманитарна акција
Кавадарци, 19 август 2021 (МИА) - По повод денешниот Светски ден на хуманоста, Комисијата за еднакви можности при Совет на Општина Кавадарци, во соработка со Здружението на граѓани ,,Екоживот”, вечерва организираше хумана акција за собирање прехранбени производи донирани од граѓаните. - По социјалното мапирање, утврдивме дека има околу 371 социјален случај, што прима паричен надоместок, прехранбени пакети и друг облик на помош, рече доктор Виолета Димитрова, советник и претседател на Комисијата. Роберто Паризов, претседател на „Екоживот” и претставник на Банка за храна Кавадарци, рече дека соработуваат со Општината и Центарот за социјални работи. Тој го повика населението на хуманост и солидарност. свд/свс

Остани поврзан