Традиционалните каталонски новогодишни украси годинава добија „засилување“
- Таму каде што царот оди пешки
- Post By Марга Велеска
- 14:20, 15 dhjetor, 2025
Мадрид, 15 декември 2025 (МИА) - Традиционалните каталонски новогодишни украси годинава добија „засилување“ – неколку познати личности од изминатата година добија необична чест да бидат овековечени.
Секој што годинава станал значаен во светот, или барем во Шпанија, може да очекува неговиот лик да се појави на традиционалните каталонски божиќни фигури, познати како кагани (Caganer). Овие фигури ги прикажуваат славните личности во несоодветна положба – седнати на тоалетна школка, или, како што би рекол народот, „каде што царот оди пешки“.
Меѓу нив се најде и новоизбраниот папа Лав XIV, со што, според традицијата, „заслужи“ сопствена фигура, а освен него се појавуваат и други н ликови, овековечени од фоторепортерот Епе.
Овие украси веќе ги красат излозите на дуќаните за сувенири,како и продавниците и кафулињата во Жирона и другите каталонски градови, а ќе бидат поставени и помеѓу бебињата, со божиќни мотиви.
Традиционално, каганерот (Caganer) бил прикажуван како селанец со црвена каталонска капа (баретина) и спуштени панталони.
Според верувањата, фигурата била воведена во сцените на Христовото раѓање кон крајот на 17 и почетокот на 18 век, во барокниот период.
Иако се дел од каталонската традиција се сметаат како богохулство и гротескност. мв/ми/