Женственоста веќе не се мери со должината на косата
- Во многу култури долгата коса се сметала за знак на здравје, плодност и младост
- Post By Марга Велеска
- 11:57, 16 dhjetor, 2025
Скопје, 16 декември 2025 (МИА) - За долгата коса некогаш се верувало дека е симбол на женственост, но не и денес, па затоа сè повеќе жени се одлучуваат за кратка фризура.
Во многу култури долгата коса се сметала за знак на здравје, плодност и младост. Низ историјата, таа често била симбол на невиност и социјален статус, особено во патријархалните општества каде визуелно ја нагласувала традиционалната улога на жената.
Психолошките студии укажуваат дека перцепцијата на жените значително варира во зависност од фризурата. Жените со долга коса најчесто се доживуваат како попристапни, понежни и поконвенционални. Наспроти тоа, кратката коса се поврзува со самодоверба, независност и професионализам. Истражувањата покажуваат дека ваквите жени почесто се перципираат како решителни и свесни за сопствениот стил.
Во денешно време кратката фризура сè почесто се смета за лична и свесна одлука, а не како отстапување од женственоста. Напротив, таа ја истакнува индивидуалноста и самодовербата на жената.
Од Одри Хепберн и Твиги, до Хали Бери и Ема Вотсон, славните личности се пример уривајќи го старомодното тврдење дека женственоста има универзална форма.
Пораката е јасна: Женственоста не се мери со сантиметри, туку се изразува преку став, избор и автентичност! мв/сд/
Фото: МИА архива