• e martë, 16 dhjetor 2025

Киносалите во Кина достапни и за домашни миленици

Киносалите во Кина достапни и за домашни миленици

Пекинг, 16 декември 2025 (МИА) - Кинеските кина почнаа со прикажување филмови, наменето за посетители со домашни миленици, претворајќи го традиционалното кино-доживување во нов начин на заедничка забава. Салите се прилагодени за престој на кучиња и мачки, со заштитни подлоги, средства за хигиена и посебни тивки зони за животните кои се почувствителни на врева. 

Посетителите доаѓаат со своите миленици и заедно го следат филмот, создавајќи несекојдневна атмосфера.

Повод за оваа иницијатива се специјалните емитувања на филмот „Зоотропола 2“ (Zootopia 2). 

Како што наведуваат организаторите, проектот произлегува од растечкиот општествен тренд во Кина, каде што односот кон домашните миленици значително се менува. Брзото ширење на интересот во повеќе градови укажува на потенцијал за поширока и одржлива примена на идејата.

Иако сцените во салите понекогаш се невообичаени, од кучиња кои реагираат на звучните ефекти до мачки што мирно дремат за време на филмот, публиката ја доживува атмосферата како топла и опуштена. Посетителите нагласуваат дека ваквите проекции создаваат чувство на заедништво и нудат сосема нов начин за уживање во слободното време заедно со своите миленици.

Оваа иницијатива го отвора прашањето како јавните простории може да се прилагодат за престој со своите миленичиња, а  киносалите во Кина се доказ дека магијата на филмот може да се сподели и доживее на несекојдневен начин. мв/сд/

Фото: ВИ

QËNDRONI TË LIDHUR