Стармер: Мора да дејствуваме веднаш во случај на мировен договор во Украина
- Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека е важно Британија и нејзините сојузници веднаш да реагираат доколку се постигне мировен договор меѓу Русија и Украина.
- Post By Марија Спасовска
- 20:06, 20 mars, 2025

Лондон, 20 март 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека е важно Британија и нејзините сојузници веднаш да реагираат доколку се постигне мировен договор меѓу Русија и Украина.
Неговите коментари, дадени за време на посетата на постројката за нуклеарна подморница, доаѓаат на ден кога воените лидери од десетици земји се состануваат во Велика Британија за да разговараат за планирањето на можните мировни сили во Украина.
-Нашите планови се фокусираат на одржување на безбедноста на небото, морињата и границите на Украина и работа со Украинците, изјави Стармер за новинарите.
-Работиме брзо бидејќи не знаеме дали ќе има договор. Секако се надевам дека ќе има, но доколку има договор навистина е важно веднаш да реагираме, заклучи тој.
Претходно денеска, британскиот министер за вооружени сили, Лук Полард рече дека планот на премиерот Кир Стармер за „коалиција на подготвените“ за надгледување на мировниот договор меѓу Украина и Русија зависи од вмешаноста на САД, и покрај инсистирањето на Доналд Трамп дека неговата земја нема директно да биде вклучена во таков план.
На прашањето дали британската влада е подготвена да испрати свои војници во Украина доколку Америка се повлече, Полард одговори дека ништо не оди без американска поддршка. мс/
фото: ЕПА