Израелската армија објави дека извршила напади врз Хезболах во источен и јужен Либан
- Израелската армија денеска соопшти дека извршила воздушни напади врз позиции на либанското вооружено движење Хезболах во источната провинција Бека, како и во јужен Либан.
- Post By Марија Спасовска
- 21:36, 20 mars, 2025

Тел Авив, 20 март 2025 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека извршила воздушни напади врз позиции на либанското вооружено движење Хезболах во источната провинција Бека, како и во јужен Либан.
Армијата „изврши напади против воена локација во која е вклучена подземна терористичка структура во регионот Бека во Либан, и против воена локација на југот на земјата каде што се сместени ракетни фрлачи каде што беа забележани активности на Хезболах“, се вели во соопштението. мс/
фото: МИА архива