• e premte, 21 mars 2025

Израелската опозиција бара од Високиот суд да интервенира во разрешувањето на шефот на Шин Бет

Израелската опозиција бара од Високиот суд да интервенира во разрешувањето на шефот на Шин Бет

Тел Авив, 21 март 2025 (МИА) – Израелските опозициски партии Јеш Атид, Националното единство, Израел Бејтену и Демократите поднесоа барање до Високиот суд на правдата да интервенира во разрешувањето на шефот на Шин Бет, Ронен Бар.

Во објава на X, лидерот на опозицијата и претседател на Јеш Атид, Јаир Лапид, вели дека во барањето се тврди дека отпуштањето на Бар од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху е конфликт на интереси, бидејќи агенцијата за безбедност во моментов испитува неколку членови на персоналот во Кабинетот на премиерот за наводни несоодветни врски со Катар.

Во барањето, исто така, се наведува дека потегот за отпуштање на Бар се случил само откако истрагата на Шин Бет за неуспесите околу терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година „јасно укажа на одговорноста на политичкиот ешалон за катастрофата“.

Претходно денеска, Движењето за квалитетна влада во Израел, исто така, поднесе барање против разрешувањето на Бар. јт/

 

QËNDRONI TË LIDHUR