Земјотрес со јачина од пет степени го погоди централниот дел на Иран
- Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на градот Натанц во провинцијата Исфахан, централен Иран, каде се наоѓа клучната нуклеарна централа, објавија локални медиуми.

Техеран, 21 март 2021 (МИА) - Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на градот Натанц во провинцијата Исфахан, централен Иран, каде се наоѓа клучната нуклеарна централа, објавија локални медиуми.
Во моментов не е јасно дали земјотресот бил во близина на централата Натанц и дали е причинета некаква штета.
Според првичните информации, нема жртви, само неколку скршени стакла во станбени згради во регионот. паг/
Фото: МИА архива