• e premte, 21 mars 2025

Посилна Европска Унија за поголема глобална и трансатлантска безбедност, заклучија лидерите на ЕУ 

Посилна Европска Унија за поголема глобална и трансатлантска безбедност, заклучија лидерите на ЕУ 

Брисел, 20 март 2025 (МИА) - Посилна и поспособна Европска Унија во областа на безбедноста и одбраната, комплементарна со НАТО, позитивно ќе придонесе за поголема глобална и трансатлантска безбедност, се наведува во заклучоците од денешниот Самит на ЕУ посветени на европската одбрана и безбедност.  

- Европскиот совет повикува на забрзување на активностите за решително зголемување на одбранбената подготвеност на Европа во следните пет години, посочуваат европските лидери во заклучоците.  

Тие апелираат до Европскиот парламент и Советот на ЕУ да продолжат со работата за усвојување на неодамнешните предлози на Комисијата за зајакнување на европската одбрана и за обезбедување релевантните опции за одбранбено финансирање. 

Според европските лидери, ваквите заложби не се во спротивност со специфичниот карактер на безбедносната и одбранбената политика на одредени земји на ЕУ и ги зема предвид безбедносните и одбранбените интереси на сите членки, во согласност со договорите.  

Во делот на миграцијата, Европскиот совет охрабрува спроведувањето на усвоеното законодавство на ЕУ за миграција и азил, спречување на илегалната миграција, олеснување и забрзување на процедурите за враќање на илегалните мигранти, зајакнување на борбата против инструментализацијата на мигрантите и трговијата и шверцот со луѓе и усогласување на визната политика во соседните земји.  

- Европскиот совет потсетува на решеноста на ЕУ да ја зајакне безбедноста на нејзините надворешни граници и да обезбеди нивна ефикасна контрола, во согласност со европското и меѓународното право, се додава во заклучоците од денешниот Самит на Европската Унија. сп/ 

Фото: МИА Архива 

QËNDRONI TË LIDHUR