• e premte, 21 mars 2025

Кац се закани дека ќе анектира дел од Појасот Газа доколку Хамас не ослободи заложници

Кац се закани дека ќе анектира дел од Појасот Газа доколку Хамас не ослободи заложници

Тел Авив, 21 март 2025 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека ќе анектира области на Појасот Газа кон Израел доколку Хамас одбие да ги ослободи заложниците што сè уште ги држи.

Како што пренесе Тајмс оф Израел, Кац и дал инструкции на ИДФ да заземе дополнителни области на Појасот Газа додека издава наредби за евакуација на палестинските цивили во тие области.

- Ако терористичката организација Хамас продолжи да одбива да ги ослободи заложниците, јас и наложив на ИДФ да заземе дополнителни области, да го евакуира населението и да ја прошири безбедносната зона околу Газа за заштита на израелските заедници и војниците на ИДФ, преку трајно задржување на областа од страна на Израел. Додека Хамас продолжува да одбива, ќе губи се повеќе и повеќе земја која ќе му биде додадена на Израел, се вели во изјавата на Кац.

Тој информира дека Израел ќе ја „интензивира“ својата воена кампања против Хамас, вклучително и „преку проширување на копнениот маневар додека заложниците не бидат ослободени и Хамас не биде поразен“.

Кац додава дека Израел ќе го употреби „сиот воен и цивилен притисок, вклучително и евакуација на населението во Газа на југ и спроведување на планот за доброволна миграција на американскиот претседател Трамп за жителите на Газа“. јт/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR