Најстудено утрово во Берово со минус осум степени
- Најстудено утрово е во Берово -8 степени, во Битола се измерени -4, во Скопје, Демир Капија, Велес, Крива Паланка, Маврови Анови, Тетово и Штип - 3, Гевгелија, Прилеп, Куманово и Кавадарци - 2, во Охрид -1, Виница 1 и Кришево 2 степена, соошти УХМР.
- Post By Сашо Арсовски
- 08:31, 21 mars, 2025

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - Најстудено утрово е во Берово -8 степени, во Битола се измерени -4, во Скопје, Демир Капија, Велес, Крива Паланка, Маврови Анови, Тетово и Штип - 3, Гевгелија, Прилеп, Куманово и Кавадарци - 2, во Охрид -1, Виница 1 и Кришево 2 степена, соошти УХМР.
Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Фото: МИА