Сообраќајот тековно по суви коловози
- Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. аа/
Фото: МИА архива