Без вода корисниците од улиците „Индира Ганди“ и „Пелагонија“, Општина Шуто Оризари
- ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 100mm на ул. „Пелагонија“ бр.40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Индира Ганди“ и ул.„Пелагонија“, Општина Шуто Оризари.

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 100mm на ул. „Пелагонија“ бр.40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Индира Ганди“ и ул.„Пелагонија“, Општина Шуто Оризари.
Прекинот на водоснабдувањето ќе почне од 08:30 до завршување.
Фото: МИА архива